🫶👉Андреја Јакимовски е наш колега на позицијата Раководител во Служба за логистика на работењето со физички лица при Секторот за логистика на продажбата, а воедно е и голем вљубеник во природата, кој во своето слободно време се занимава со планинарење, планински велосипедизам и трчање на долги дистанци. 🏔️Андреја е планинар со 25 годишно искуство, кој зад себе ги има искачено сите планински врвови во Македонија, како и сите повисоки врвови во сите земји на Балканскиот Полуостров. Неговото најголемо достигнување е искачувањето на Килиманџаро, највисокиот планински масив во Африка со висина од 5.895 метри, кој е под снег и мраз во текот на целата година. 👏💜Исто така, за восхит е и иницијативата за искачување на највисокиот планински врв во Европа - Елбрус во Русија, висок 5.642 метри. Временските услови за време на експедицијата во 2019 година биле исклучително тешки, а температурата на воздухот била минус 30 Целзиусови степени. Движењето на експедицијата дополнително го отежнувал и ураганот кој ги зафатил тие предели на Европа. Со оглед на отежнатите услови, Андреја успеал да се искачи на 5.000 метри надморска височина, и тоа на само 642 метри под Елбрус. „Планинарењето ми овозможува личен раст, издржливост и упорност, а воедно ми помага да ги надминам сите животни предизвици. Тоа е начин да се поврзам со природата, да ги тестирам моите граници и да ги научам вредностите на истрајноста и дисциплината. Дополнително ми помага во јакнење на самодовербата, со цел полесно да ги совладам сите барања од професионалниот сегмент од мојот живот“, вели Андреја. 🚵🏃👟За Андреја покрај планинарењето, исто така, пасија се и планинскиот велосипедизам и трчањето. Од значајни настани во својот живот го споменува и тој кога со велосипед се искачил на врвот Солунска Глава на планината Јакупица. Во делот на маратонското трчање, заедно со тимот на НЛБ Банка редовно учествува на повеќе маратони како Скопски маратон, Љубљански маратон, а исто така зема и активно учество на Банкарските игри на НЛБ Банка во Моравске Топлице.
About us
NLB Banka Skopje is a leading banking institution in the Republic of Macedonia, with a permanent uptrend of growth and positive results, since its establishment to date. The Bank belongs to the group of large banks and, according to its net assets, it is the third largest banking institution in the Republic of Macedonia. The success of NLB Banka is due to the implementation of standards of high quality in its operation, the modern IT infrastructure, its successful market strategy, as well as its professional management, reinforced by the NLB brand.
- Website
-
http://www.nlb.mk
External link for NLB Banka Skopje
- Industry
- Banking
- Company size
- 501-1,000 employees
- Headquarters
- Centar Municipality, Skopski
- Type
- Privately Held
- Founded
- 1985
Locations
-
Primary
Vodnjanska 1
Centar Municipality, Skopski 1000, MK
-
Bulevar Jane Sandanski
Aerodrom Municipality, Skopski 1000, MK
Employees at NLB Banka Skopje
Updates
-
📢Од почетокот на годинава, во сите експозитури на НЛБ Банка, клиентите можат да потпишуваат документација за договори за потрошувачки кредити, кредитни картички и дозволено пречекорување на платежна сметка преку електронски уреди за потпишување (E-pads). ✍️ Целокупната документација клиентите ја добиваат преку електронска пошта, а чувањето на истата се обезбедува кај квалификуван архивски центар за е-архива. 💻 Но, многу од клиентите сè уште не се запознаени со тоа како функционира електронското потпишување и имаат страв од потенцијалните ризици. Во колумна за bankarstvo.mk, колешката Aleksandra Vangelovska објаснува дека електронските потписи се многу побезбедни од обичниот потпис на хартија. Тие користат напредно шифрирање – секој чекор се логира, секој документ има траг кој го потврдува потписникот и времето на потпис, што значи фалсификувањето или неовластеното менување е речиси невозможно, а што пак е основа за довербата во дигиталното банкарство. Од аспект на придобивките за клиентите и банките, Сандра истакнува: „За клиентите, искуството со електронскиот потпис доживува револуција. Нема повеќе одење од шалтер до шалтер и долго потпишување на обемната банкарска документација. Она што порано бараше координација со физичка средба или достава на документи, сега се сведува на едноставна процедура. Електронските потписи значат побрзи и поефикасни процеси, и секако подобра услуга за клиентите. Доколку некогаш обработката на еден кредит бараше денови чекање за одобрување, како и долго рачно потпишување на документацијата, сега сето ова може да се заврши за само неколку минути. Од аспект на придобивките за банките пак, електронскиот потпис значи побрза услуга, поширок досег, заштеда на хартија, заштита на животната средина и можност да се сервисираат клиенти и надвор од местата каде што банките имаат свои експозитури.“ ♻️🌳🏡 Прочитајте повеќе👇
-
👉Под покровителство на НЛБ Банка д.д., вчеравечер, во Љубљана, со изложбата „Ехо: НЛБ Колекција на современа уметност во дијалог“ свечено беше отворена новата Галерија МУЗА/ MUZA muzej in galerija . Во присуство на важни гости, меѓу кои претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар, странските амбасадори во Словенија, регионални уметници и истакнати личности од културниот и бизнис сектор, изложбата претстави уметнички дела од постоечката колекција на НЛБ д.д., која е најголемата приватна колекција во Словенија, вклучувајќи и дела од врвни уметници од регионот на Југоисточна Европа, правејќи ја Љубљанa, центар на регионалната современа визуелна уметност. 🖼️🎨Уметничката колекција на НЛБ, во 2017 година беше прогласена за национално богатство на Република Словенија, а денес брои повеќе од 2000 дела и е најголема приватна колекција на уметност во Словенија. Во 2023 година, НЛБ Групацијата одлучи да продолжи со откуп на уметнички дела, како покровител, партнер и поддржувач на современата уметност во Југоисточна Европа. Така, колекцијата на НЛБ доби интернационална важност со нов концепт и структура, фокусирајќи се на современата уметност. Во изминативе две години, Групацијата откупи дела од 19 уметници од средната и младата генерација на земјите во регионов, кои, се дел од оваа изложба. Во колекцијата вклучени се и дела од тројца меѓународно докажани македонски автори: Христина Иваноска, Јане Чаловски и Нада Прља. Куратори на изложбата се словенците д-р Мета Кордиш, Тевж Логар/ Tevz Logar и македонската кураторка д-р Мира Гаќина/ Mira Gacina . ✅По повод отворањето на Галеријата, Блаж Бродњак / Blaž Brodnjak , претседател на Управата на НЛБ д.д, истакна дека НЛБ Групацијата традиционално е важен покровител, не само на словенечката, туку и на регионалната култура и уметност. „Со отворањето на галеријата, со гордост започнуваме ново поглавје, бидејќи на пошироката публика ќе ѝ ги изложиме уметничките дела од сите пазари на кои сме присутни. Сакаме Галеријата МУЗА да стане центар на регионалната современа визуелна уметност, да ги поврзе народите кои живеат тука, да се запознаат подобро, да се поврзат и преку културата и уметноста да живеат во хармонија. Затоа, денешниот ден е важен, не само за НЛБ Групацијата, туку и за целиот регион, кој ние во НЛБ Групацијата го нарекуваме наш дом.“, рече Бродњак.
-
-
-
-
-
+1
-
-
👉 Ажурирајте ги онлајн Вашите лични податоци во НЛБ Банка! ✅ Преку брз и едноставен процес, од било кое место и било кое време, за само неколку минути ажурирајте ги Вашите лични податоци без потреба да дојдете во експозитура. ✅ Постапката е овозможена со електронска идентификација преку мобилната апликација OneID на КИБС. Дознајте повеќе на линкот👇 https://shorturl.at/lXX4r
-
-
🚀Каков ден, каква енергија⚡️ Во НЛБ Банка веруваме дека силното лидерство е клучот за иновациите и успехот. Денеска ја имавме нашата прва Лидерска конференција-неверојатна енергија, мотивирачки презентации, продуктивни дискусии и заедничка посветеност да одиме напред и да освојуваме нови хоризонти!⛰️💪 Заминуваме од прекрасното охридско крајбрежје, инспирирани и подготвени за сите нови предизвици и со верба во нашиот ТИМ! Огромна благодарност до колегите кои беа дел од овој настан.💙 Ова е само почеток на едно возбудливо патување кон уште поголеми достигнувања!🚀
-
-
🏆 🎉 🚀 НЛБ Банка и годинава беше горд пријател на E-commerce Awards 2024 – престижна ноќ на успехот и напредокот во македонската е-трговија. Овој настан, кој се одржа со учество на повеќе од 200 гости и со доделени 43 награди, беше важен момент за прославување на најдобрите во индустријата, како и за поттикнување на иновациите и конкуренцијата во овој брзо растечки сектор. Настанот се одржува по четврти пат и има за цел да ги препознае и награди е-трговците кои придонесуваат за развојот и унапредувањето на дигиталниот пазар 📈 во земјата. Од година во година станува клучна годишна иницијатива која не само што ги наградува најдобрите во индустријата, туку и го поддржува растот на е-трговијата во целост 🌍. Како водечка финансиска институција во регионот, НЛБ Банка ја препознава важноста на е-трговијата како еден од клучните фактори за економски раст и развој на земјата. Затоа, со задоволство ја поддржуваме оваа иницијатива и се гордееме што сме дел од настан кој ја наградува иновацијата, конкурентноста и посветеноста на најдобрите во оваа индустрија 🏅.
E-commerce Awards 2024: ноќ на успехот и напредокот во македонската е-трговија 🌟 Со 200+ гости, 43 доделени награди, многу вмрежување и сосема нов концепт, ја славевме извонредноста на најдобрите македонски е-трговци за 2024 година 🏆✨ Честитки до сите победници и огромна благодарност до сите оние кои беа дел од оваа вечер полна со убава енергија 🤗 🙏 Special thank you на нашите: 🌟 Prime партнери iute Macedonia и My Box 🚀 Growth партнери УНИБанка АД Скопjе, Sava osiguruvanje ad Skopje , HALKBANK AD Skopje , CorvusPay MK и NLB Banka Skopje 🥂 Вински партнер Imako Vino ✨ Gala Night партнер Skopje Marriott Hotel
-
-
-
-
-
+7
-
-
👉👉👉„Имајќи го предвид динамичниот начин на живот и светот кој станува сè повеќе меѓусебно поврзан, токму дигиталното банкарство е она што значајно го олеснува животот на луѓето и бизнисите“- истакна Katerina Jankovic, член на УО на нашата Банка одговарајќи на прашањето зошто се важни банките и како тие го олеснуваат животот на луѓето и бизнисите на конференцијата „Забрзана дигитална трансформација и револуција на ВИ“, во организација на Women on Boards Adria & Finance talks by EOS. 📲🕖🔐„Дигиталиталните банкарски услуги овозможуваат практичност, 24/7 достапност и контрола над финансиите во секое време и од кое било место, брзи и безбедни транасакциски искуства, заштеда на време и средства. Денес додека сме на кафе пауза, со само неколку клика преку мобилната апликација за мобилно банкарство имаме пристап до сите банкарски податоци, можеме да провериме состојба и промет на сите сметки, да извршуваме плаќања, да ја поделиме сметката со пријателите, да префрлуваме и примаме парични средства едноставно со избирање на телефонски број од именикот, па дури и да аплицираме за потрошувачки кредит, целосно автоматизиран и дигитализиран процес, со време на одобрување од 10-тина минути, по што средствата се веднаш на нашата сметка. Дигитализацијата во банкарството донесе бројни придобивки и за компаниите, овозможувајќи им брзина, безбедност и ефикасност во финансиското управување. Со дигиталните решенија, компаниите можат да ги оптимизираат операциите и ресурсите за финансиската администрација и да се фокусираат на својот бизнис.“ – појасни Катерина и додаде дека НЛБ Банка е пионер во дигитализацијата, истовремено фокусирана и на искористување на придобивките од ВИ со цел внатрешно оптмизирање на процесите и зголемување на нивната ефикасност. 📈📲✅На прашањето како клиентите го прифаќаат овој тренд и кои се нивните преференци, Катерина истакна: „За илустрација, речиси 70% од нашите активни клиенти, физички лица, ја имаат мКлик апликацијата, а нашите анализи покажуваат раст од 15% во бројот на трансакции преку мобилното банкарство кај физичките лица споредено со мобилните транскации направени во 2023. Ова за нас е само еден индикатор дека клиентите сè повеќе ги согледуваат предностите на дигиталното наспроти традиционалното банкарство, а нашите анализи го покажуваат тоа и кога станува збор за другите дигитални услуги. Ние остануваме посветени на финансиска едукација на нашите клиенти, унапредување на корисничката поддршка и овозможување супериорно корисничко искуство, согласно највисоките безбедносни стандарди во дигиталниот простор.“
-
-
🎓💼 Во просториите на деканатот на Економскиот факултет -Скопје при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка, Toni Stojanovski, и деканот на Факултетот, проф. д-р Predrag Trpeski потпишаа Меморандум за соработка, со кој се согласија да развиваат заеднички активности насочени кон унапредување на едукативните, истражувачките и апликативните процеси. 💡👩🎓🧑🎓Преку оваа соработка, НЛБ Банка и Економскиот факултет ќе ја зајакнат врската помеѓу теоретското знаење и практичната примена, создавајќи можности за директна соработка помеѓу студентите и експертите од индустријата. 👉„Соработката со Економскиот факултет-Скопје е важен чекор за НЛБ Банка во насока на нашата посветеност на развојот на младите таленти и нивното вклучување на пазарот на труд. Благодарение на партнерството, студентите ќе се запознаат со реалните предизвици со кои се соочува индустријата, а ние како Банка ќе бидеме во можност да вложиме во нивниот развој и да ги подготвиме за идните професионални патишта. Со оваа соработка очекуваме да направиме значителен придонес во образованието и општеството.“-изјави Стојановски, претседател на УО на НЛБ Банка. 🌍🌱 Заедно за подобро образование и општеството!
-