🎓Нашата Банка денеска беше дел од UACS Career Day 2025 кој се одржуваше на University American College Skopje, каде имавме можност да се запознаеме со многу талентирани и амбициозни индивидуи. 📝За време на настанот ги претставивме програмите за развој на кариера, разговаравме со многу студенти и посетители кои покажаа интерес за нашите активности и можности за соработка и споделивме корисни информации и материјали за нашите отворени позиции и процеси за аплицирање. 💚Срдечно им благодариме на University American College Skopje и на студентите коишто го посетија нашиот штанд. Се надеваме дека ќе продолжиме да се поврзуваме, соработуваме и градиме успешни партнерства и во иднина.
About us
NLB Banka Skopje is a leading banking institution in the Republic of Macedonia, with a permanent uptrend of growth and positive results, since its establishment to date. The Bank belongs to the group of large banks and, according to its net assets, it is the third largest banking institution in the Republic of Macedonia. The success of NLB Banka is due to the implementation of standards of high quality in its operation, the modern IT infrastructure, its successful market strategy, as well as its professional management, reinforced by the NLB brand.
- Website
-
http://www.nlb.mk
External link for NLB Banka Skopje
- Industry
- Banking
- Company size
- 501-1,000 employees
- Headquarters
- Centar Municipality, Skopski
- Type
- Privately Held
- Founded
- 1985
Locations
-
Primary
Vodnjanska 1
Centar Municipality, Skopski 1000, MK
-
Bulevar Jane Sandanski
Aerodrom Municipality, Skopski 1000, MK
Employees at NLB Banka Skopje
Updates
-
💙НЛБ Групацијата донира 350 илјади евра во Фондацијата на Mакедонската банкарска асоцијација „Заедно за едно”. „Длабоко жалиме за изгубените животи, Кочани е огромна трагедија. Во вакви моменти, важно е да се потсетиме на силата на заедништвото и на нашата подготвеност да се обединиме и да делуваме здружено и со сите капацитети. Впрочем, како оснивачи и донатори во Фондацијата на Македонската банкарска асоцијација која ја промовира солидарноста и општествената одговорност на банкарскиот сектор тоа и го потврдуваме. Изразуваме огромна благодарност до нашата групација, НЛБ Групацијата, и сите нејзини членки кои давајќи придонес кон оваа донација уште еднаш ја потврдуваат својата посветеност кон регинот во кој делуваме.“ - вели Toni Stojanovski, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје. Фондацијата на Македонската банкарска асоцијација „ЗАЕДНО ЗА ЕДНО“ ќе ги намени средствата за помош и поддршка во рехабилитацијата и медицинските третмани на повредените во пожарот, поддршка на менталното здравје на настраданите и нивните семејства, како и поддршка во образовниот процес и професионалната реинтеграција на лицата и семејствата кои се соочија со загуба. Изразувајќи жалење за трагедијата, Главниот извршен директор на НЛБ Групацијата Blaž Brodnjak истакнува: „Неодамнешната трагедија од пожарот длабоко не погоди сите нас - не само како банка, туку и како луѓе кои живеат и работат во овој регион. За нас, овој регион не е само точка на мапата - тој е и наш дом. И кога вашиот дом „ве боли“, правите сè што можете да помогнете. НЛБ Групацијата ја дава оваа донација за закрепнување и надеж, затоа што ние не сме само банка туку сме и соседи, и партнери и дел од заедницата. И секогаш ќе бидеме тука да помогнеме и да придонесеме, и во моменти на раст и во моменти на тага“. Повеќе⬇️ https://shorturl.at/WoFQC
-
-
👉Нашата колешка Elizabeta Sazdovska, помошник директор на Секторот за човечки ресурси беше дел од тркалезната маса посветена на важноста од спроведување на родово- одговорни семејни политики и придонесот на разните чинители во градење на ваквиот систем, која во организација на Konekt се одржа во Штип. ♀️♂️ Во рамки на дискусијата беа претставени позитивни примери особено од компаниите кои ја промовираат важноста од спроведување на родово- одговорни семејни политики и се во исчекор и дослух со потребите на вработените. Практично, компании кои спроведуваат политики што придонесуваат кон подобар баланс помеѓу работата и приватниот живот. 📌Tркалезната маса е дел од програмата „Проширување на изборот преку политики за усогласување на семејните и работните обврски“, имплементирана од UNFPA North Macedonia и здружението „Конект“, со финансиска поддршка на Austrian Development Agency (ADA),а нашата Банка беше дел од овој настан како активна членка на „Клубот на одговорни бизниси“. 📌Заклучоците и од оваа дискусија и практичните искуства од различните сектори ќе придонесат во напорите за застапување кои ќе се насочат кон овозможување баланс помеѓу работата и животот, како и подобри услови за вработените со семејни обврски.
-
-
„Пристапот кон вработените е од исклучително значење во финансискиот сектор кој се менува со голема брзина под влијание на дигитализацијата, вештачката интелигенција, регулатолните барања и промената на очекувањата на клиентите. Во таа насока вработените бараат целосно искуството, а не само наградување преку плата и бенефити. Тука зборуваме за позитивна организациска култура, можности за учење и развој, холистички пристап кон благосостојбата на вработените и флексибилност. На вработените им е исто така важно и дали компанијата има јасна општествена цел и дали е активна во областа на општествената одговорност“, истакна Dejan Madjoski, директор за човечки ресурси во нашата Банка на Третата интернационална конференција за искуство на клиенти и вработени во организација на MACEX Macedonian Association For Customer and Employee Experience / Македонската асоцијација за искуство на клиенти и вработени (MACEX). Според него искуството и задоволството на клиентите е во директна корелација со искуството и задоволството на вработените. Затоа, компаниите кои сакаат да овозможат исклучително корисничко искуство, треба да се погрижат и искуството на вработените да е такво. Градење на услужна култура значи градење на таква култура внатрешно (кон вработените) и надворешно (кон клиентите). За тоа е потребна активна меѓусебна соработка на секторите кои се грижат за овие две целни групи, односно помеѓу секторите за човечки ресурси, маркетинг, секторите кои ги опслужуваат клиентите, како и секторите кои пружаат поддршка во позадина. Сите треба да бидат со една единствена цел, а тоа е беспрекорно искуство на клиентите и вработените.
-
-
“Наместо кон дигитализација, треба да се стремиме кон дигитална трансформација, целосно ревидирајќи ги и прилагодувајќи ги сите деловни процеси од тој аспект. Само со дигитализација на услугите нема да успееме максимално да ја ги зголемиме ефикасноста, квалитетот и брзината на истите .” – истакна нашиот колега Kiril Buhov MSc говорејќи на панелот насловен како “Дигитализацијата како клуч за опстанок” во рамките на презентацијата на Програмата на Европската банка за обнова и развој за финансирање МСП “Go Digital in the Western Balkans” одржана минатата недела во Сарево. ⏩️Програмата развиена од ЕБОР со поддршка од ЕУ има за цел да ја поттикне иновативноста, конкурентноста и одржливиот раст кај приватниот сектор во Западен Балкан како клучен за унапредување на социо-економските состојби во регионот и зајакнување на врските со Европската Унија. ⏩️Во контекст на ова, на настанот беа дискутирани стратегијата, пристапот и бариерите за дигитализацијата на МСП и зеленото финансирање, како и новите иновативни решенија кои банките во регионот ги применуваат со цел да го поддржат овој процес.
-
-
📣Горди на сите наши вработени кои денеска беа дел од крводарителската акција. 🙌 Денеска во НЛБ успешно реализиравме уште една крводарителска акција. 🩸🩸 Благодарение на посветеноста и хуманоста на нашите вработени успеавме да собереме значителен број единици крв, кои ќе помогнат на луѓето на кои им е потребна. Оваа акција е една во низата крводарителски акции кои се дел од нашата постојана заложба за поддршка на заедницата и промовирање на општествено одговорни вредности.💙 Благодарност до сите наши колеги и колешки во Скопје и ширум земјата кои со своето дарување крв помогнаа да направиме разлика и да покажеме дека заедно сме посилни! 💪
-
-
-
-
-
+1
-
-
📢Брзо, едноставно и целосно дигитално до нова кредитна картичка и зголемување на кредитниот лимит преку НЛБ мКлик мобилната апликација!📲💳 ▶️Двете нови финкционалности се уште една потврда дека НЛБ мКлик е вистинска “банка на дланка” која овозможува продуктите кои досега се пласираа единствено на традиционален начин да бидат достапни и преку дигиталните канали на Банката. Повеќе👇
-
🤝Градиме партнерства за успех- Меморандум за соработка со факултетот Хајделберг од Скопје 📖Вчера во просториите на НЛБ, Директорот на секторот за човечки ресурси на нашата Банка, Dejan Madjoski и Elizabeta Sazdovska, помошник директор, во името на Банката, потпишаа Меморандум за соработка со приватната високообразовна установа, висока стручна школа „ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ“. Во името на оваа образовна институција и претседателот на одборот на директори проф. д-р Улрих Цајтел, Меморандумот го потпиша Директорката м-р Даниела Стефаноска 👨🎓Меморандумот претставува основа за идно партнерство, изразено преку размена на научни, стручни и апликативни знаења и мислења од областа на образованието, а во интерес на квалитативно унапредување на образованието и градење на стручни и квалификувани идни кадри. 🔬„Веруваме дека ова партнерство ќе донесе многу придобивки и за двете страни, и со нетрпение очекуваме да ги видиме позитивните резултати од нашата заедничка работа.“- истакнува по поштпишувањето на Меморандумот, Дејан Маџовски и појаснува дека соработка со факултетот ќе опфати едукативни процеси преку ангажирање на професори и предавачи за реализација на стручна настава, реализација на пракса за студентите, разни облици на научна и истражувачка дејност и низа други активности. 👩💻Инаку, факултетот Хајделберг е концепт на дуално додипломско и постдипломско образование кој опфаќа студии и поставува нови професионални стандарди базирани во професијата бизнис администрација и компјутерски науки. 📚Хајделберг врши стручно високообразовна, научно-истражувачка, апликативна или апликативна дејност во меѓусебно поврзани стручни дисциплини во рамките на факултетот и се грижи за нивниот развој; реализира меѓународна сертификација со ЕКТС кредити во партнерство со специјализирани институции за стручно образование во областите: претприемништво, бизнис, менаџмент, финансии, банкарство и информатички технологии; помага при вработување на студенти кои во текот на студирањето ќе се запишат на факултетот по принципот „работа-студија“; врши финансиска и деловна едукација и зголемување на нивото на финансиска писменост на населението, како и развој на финансиската и деловната наука во земјава; реализира унапредување на регионалната и меѓународната соработка со универзитети, средни училишта, институти, академии и други формални и неформални образовни институции, и др.
-
-
„Континуирано вложуваме во нови технологии кои овозможуваат сигурен, лесен и брз пристап до нашите производи и услуги од каде било и во кое било време. Со тоа, не само што им го олеснуваме секојдневното работење и функционирањето на нашите клиенти, туку им помагаме да го трансформираат и поедностават начинот на кој управуваат со своите средства”- вели Toni Stojanovski во своето ексклузивно интервју за порталот Фактор по стапувањето на челната позиција Претседател на Управниот одбор на нашата Банка. ⏩️https://shorturl.at/HgqPq ⏩️Стојановски објаснува како забрзаниот развој на дигитализацијата и фактот дека нашите животи сè повеќе се одвиваат во дигиталниот простор драстично ја забрзаа дигитална трансформација на банките, менувајќи ги суштински деловните модели и нивните стратешки приоритети. Па оттука, стратешки приоритет на НЛБ Банка е до 2030 година да биде целосно дигитална банка. Во интервјуто, Стојановски и со оптимистички прогнози за перспективите на македонската економија, доколку како што нагласува, се има верба и посветеност од сите општествени чинители за клучните приоритети на земјата. ⏩️Вели дека НЛБ Банка Скопје, заедно со НЛБ Групацијата е целосно подготвена да ги поддржи инвестициите во земјава со сиот финансиски и експертски капацитет, истовремено поддржувајќи ја зелената транзиција и искористувајќи ги предностите на одржливиот бизнис. ⏩️Стојановски се осврнува и на позитивниот прием на колегите во НЛБ Банка и подготвеноста на целиот тим за напредок, потенцијалот, силната амбиција и јасната визија на НЛБ Групацијата, кои, како што вели, само му потврдуваат дека ја донел вистинската одлука за трансфер во НЛБ.
-